• четврток, 26 декември 2024

Производи од грозје на втората „Треил трка за вино и љубов“ во неготинско Долни Дисан

Производи од грозје на втората „Треил трка за вино и љубов“ во неготинско Долни Дисан

Неготино, 17 февруари 2024 (МИА) – Производи од грозје се дегустираа на втората „Треил трка за вино и љубов“, која денеска се реализираше во неготинското село Долни Дисан.

Дрите Најдова, жителка на Долни Дисан, рече за МИА дека ова е извонреден начин за промоција на регионот на Дисанијата.

- Станува збор за регион што заслужува да биде посетен од домашни и странски гости, поради изобилство од природни убавини и традиционални производи и специјалитети, плод на Тиквешкото поднебје, додаде Најдова.

Трката е во организација на ДЕКОНУС ДООЕЛ-Скопје, со поддршка од Општина Неготино и планинарското друштво „Free hikers“ од Неготино. Организаторите нагласија дека е ова настан, единствен од ваков тип.

- Последниот зимски, а првиот пролетен празник Свети Трифун е идејата од која произлезе оваа трка, чија крајна цел е промоција на винскиот Дисански крај и на Неготино. Инспирацијата, пак, за „Треил трката за вино и љубов“ е по примерот на винските трки во Франција и Италија, замислата е да биде малку забава и повеќе дружење. Трката дава можност да се ужива во природата, во виното и во љубовта и денот да почне со радост. Токму тоа е и мотото: „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, рекоа организаторите.

Оттаму, подвлекоа дека во треил трката не е најважно да стигнеш прв, туку поважно е учесниците да застанат на двете окрепителни станици каде што задолжително ќе мора да дегустираат дел од понудата од локално производство. свд/ир

Фото: Дрите Најдова

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан