• понеделник, 16 декември 2024

Прозападната опозиција го обвини Зеленски за автократија по замрзнувањето на имотот на на експретседателот Порошенко

Прозападната опозиција го обвини Зеленски за автократија по замрзнувањето на имотот на на експретседателот Порошенко
Киев, 6 јануари 2022 (МИА) - Украинската прозападна опозиција денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за автократско однесување, откако судот го замрзна имотот на претходниот претседател Петро Порошенко, како и имотот на две телевизиски станици во негова сопственост. Имотот е замрзнат како дел од истрагата против Порошенко за да се утврди дали поранешниот претседател извршил велепредавство финансирајќи ги проруските сепаратисти во источна Украина додека беше претседател во 2014-2015 година. Порошенко ги отфрла обвинувањата, а неговата партија „Европска солидарност“ пресудата на Печерскиот суд во Киев ја нарече „незаконска и неправедна“, соопштувајќи дека со неа сака да ја замолчи опозицијата кон Зеленски. Зеленкси засега не ја коментираше одлуката на судот, но претходно ги отфрли обвинувањата дека сака да ги контролира обвинителите и правосудниот систем. Судот го замрзна и имотот на телевизиите Канал 5 и Прјамиј. Порошенко до ноември беше сопственик на двете телевизии, кога тие станаа дел од концерн. Конфликтот меѓу опозицијата и Зеленски се случува во време кога Украина се обидува да обезбеди меѓународна поддршка поради акумулацијата на десетици илјади руски војници на границата со Украина. Минатиот месец, обвинителите побараа од судот дозвола да го уапсат Порошенко со кауција од една милијарда гривни (35 милиони евра). Порошенко не е во Украина од крајот на декември и се уште нема дадено коментар на пресудата на судот од Киев. Претходно тој најави дека планира да се врати во Украина на 17 јануари. Порошенко, е тајкун кого го нарекуваат и „кралот на чоколадото“ затоа што поседува фабрика за кондиторски производи, и е еден од најбогатите луѓе во Украина. Како прозападен политичар, тој беше избран за претседател откако прорускиот претседател Виктор Јанукович беше соборен со протести на Мајдан во 2014 година. сд/

Остани поврзан