• вторник, 24 декември 2024

Проект на општинската власт: „Да го бојадисаме Гостивар“

Проект на општинската власт: „Да го бојадисаме Гостивар“
Гостивар 11 август 2022 (МИА) - Со три мурали, локалната власт ќе придонесе за разубавување на јавни објекти низ градот Гостивар. Неколку волонтери кои практикуваат урбана уметност го завршија првиот мурал на шеталиштето на кејот. Првиот човек на општината Арбен Таравари објасни дека станува збор за активности од проект кој е започнат од претходно. -Со поддршка на општина Гостивар, членовите на Клубот на Млади Турци (Türk Gençlik Kulübü) продолжуваат со проектот „Да го бојадисаме Гостивар“. Нивниот ангажман има за цел да го разубави градот и нашата животна средина со три мурали. Првиот мурал, веќе е насликан на објект на шеталиштето на кејот на Вардар, вели Таравари. Мотивите на делата содржат елементи и пораки кои го нагласуваат урбаното живеење, а на местата на кои ќе бидат насликани, естетски ќе ја разубават околинатa. згм/сст/    

Остани поврзан