Проект „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“
- „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ е насловот на проектот за кој денеска во Скопје ќе говорат директорите на Државн

Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ е насловот на проектот за кој денеска во Скопје ќе говорат директорите на Државниот завод за статистика и на Шведскиот завод за статистика, Апостол Симовски и Јоаким Стимн.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Калинка Габер и гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежоска.
Во вториот дел ќе следи панел-дискусија на која ќе земат учество двајцата директори и Бојан Кардалов, комуниколог, Билјана Дуковска од Платформата за справување со сиромаштијата и Џабир Дерала од Цивил Медија. цр/ац/