• понеделник, 10 февруари 2025

Проект за општинско корисна работа во Кавадарци

Проект за општинско корисна работа во Кавадарци
Кавадарци, 6 јуни 2022 (МИА) - Проект за општинско корисна работа ќе се спроведува во Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Општината објави јавен повик за заинтересирани невработени лица да се вклучат во проектот.
-Евидентирани невработени лица може да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Сервис за негуватели на лица со попреченост, лични асистенти за средношколци со попреченост и волонтери за помош на Центарот за достава на храна ,,Банка за храна” до социјално ранливи категории”. Се работи за работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, заинтересираните да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Од кабинетот на Јанчев појаснија и дека активноста е врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и договорот за соработка, програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општината Кавадарци, во рамките на оеративниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, програмата Општинско – корисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување РСМ. свд/сст/

Остани поврзан