• среда, 27 ноември 2024

Проект за вклучување на млади гевгеличани на пазарот на трудот

Проект за вклучување на млади гевгеличани на пазарот на трудот
Гевгелија,16 јуни 2022 (МИА) - Невработените млади гевгеличани на возраст од 15 до 29 годишна возраст, добиваат прилика да се вклучат во некоја од активните мерки на Агенцијата за вработување преку проектот „Гаранција за млади“, што го спроведува Центарот за подршка на невладините организации од Гевгелија. - Сите тие,по нивното евидентирање во Агенцијата за вработување,имаат можност најдоцна за период од четири месеци да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат образовниот процес или да се вклучат во некоја од активните програми и мерки за вработување, велат од гевгелискиот Центар за подршка на невладините организации. Посочија дека за таа цел на територијата на Општина Гевгелија веќе дејствуваат теренски работници кои имаат задача на заинтересираните млади работници да им даваат информации и подршка за нивно вклучување на пазарот на трудот.им/фф/

Остани поврзан