• среда, 25 декември 2024

Продолжува уредувањето на Козјачка Река во Карбинци

Продолжува уредувањето на Козјачка Река во Карбинци

Карбинци, 6 септември 2022 (МИА) - Почна четвртата фаза од уредување на коритото на Козјачка Река во село Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, вели дека градежните активности се продолжување на веќе започнатиот проект, со што трајно се решава овој проблем, а истовремено се заштитува коритото од евентуално излевање или други можни штети. Финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци и Министерството за животна средина.

- Денеска започнуваме со изградба, односно продолжување на проектот за регулирање и уредување на речното корито на Козјачка Река во село Карбинци. Имено, се работи за четврта фаза за уредување на овој проект. Реализацијата на овој проект ќе ја чини Општина Карбинци 7.400.000 денари од кои пет милиони денари ги обезбедивме од буџетот, односно од Министерството за животна средина, а остатокот е кофинасирање од страна на Општина Карбинци, вели Паунов.

Посочи дека се работи на продолжување на проектот во должина од 140 метри. Со завршување на четвртата фаза се става крај и се заокружува целиот проект за уредување на коритото на Козјачка Река во Карбинци. Освен од безбедносни причини со реализација на овој прокет се разубавува влезот во Карбинци како и главниот булевар во самото село. Овој проект предвидува уредување на коритото на Козјачка Река сè до нејзиниот влив во река Брегалница. вдј/сст/

Остани поврзан