• петок, 05 декември 2025

Продолжува уредувањето на индустриската зона Речица во кумановско

Продолжува уредувањето на индустриската зона Речица во кумановско

Куманово, 2 јуни 2025 (МИА) - Продолжува уредувањето на индустриската зона Речица во кумановско, информираа денеска надлежните.

- Во индустриската зона Новини и Речица се спроведуваат активности за поставување дренажни цевки, што е дел од пошироката инфраструктурна инвестиција за подобрување на одводнувањето и стабилноста на теренот, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Во индустриската зона финансирана од потпрограмата на Владата, тече изградбата на водоводна мрежа, фекална, атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, осветлување на зоната. Вредноста на склучениот договор со избрана компанија на тендер е денари изнесува 208.554.681.86 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Со средствата од Владата се очекува целосно уредена атмосферска канализација, осветлување на зоната, водоводна мрежа и асфалтирани улици со тротоари. Уредувањето на зоната е приоритет на општината, со оглед дека функционираат домашни и странски компании.

Зоната Речица, сместена на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта. ам/сст/


Фото Општина Куманово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан