Продолжува уништувањето на урбана опрема во М.Каменица
- Продолжува вандализмот во Македонска Каменица. Овој пат нова мета на несовесните граѓани беше новопоставената урбана опрема во приградските населби. Штетата, како што информираа од Јавното пр
Македонска Каменица, 29 мај 2020 (МИА) - Продолжува вандализмот во Македонска Каменица. Овој пат нова мета на несовесните граѓани беше новопоставената урбана опрема во приградските населби. Штетата, како што информираа од Јавното претпријатие „Камена Река", е експресно санирана.
-Ова не е прв пат урбаната опрема да се уништува од несовесни граѓани. Направените оштетувања врз дел од поставените корпи за отпадоци во приградските делови на Македонска Каменица се санирани и истите веќе се вратени на место. Апелираме до граѓаните, да се воздржат од дејствија со кои ја оштетуваат поставената урбана опрема, бидејки со тоа нанесуваат дополнителен трошок на сите граѓани и создаваат негативни импликации врз буџетот на претпријатието и општината, истакнаа од „Камена Река".
Вандализмот, како што додадоа, е пријавен во полиција.
-Ваквата појава можеме да ја окарактеризираме како честа, бидејќи во изминатиот период покрај уништените млади садници и цвеќиња, при поставувањето на попатни клупи во билзина на Калиманско Езеро, истите исчезнаа по само неколку часа. Надлежните се запознаени за случаите, заради што очекуваме брзо откривање на сторителите, додадоа од претпријатието.
Со цел сузбивање на ваквата појава од општината апелираа граѓаните кои ќе забележат вандалски чин слилен на денешниот да го пријават на телефонскиот број 192 со што сторителите ќе бидат казнети за делото.вс/бт/