• вторник, 01 октомври 2024

Продолжува потрагата по 48 исчезнати мигранти по бродоломот кај Канарските острови

Продолжува потрагата по 48 исчезнати мигранти по бродоломот кај Канарските острови

Maдрид, 29 септември 2024 (МИА) - Шпанските спасувачки тимови денеска ја продолжија потрагата по 48 мигранти кои исчезнаа по бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, на Канарскиот архипелаг.

Девет лица, меѓу кои и едно дете, ги загубија животите откако нивниот брод потона вчера рано наутро, соопштија службите за итна помош и спасување.

Спасувачите успеале да спасат 27 од 84-те мигранти кои се обидувале да стигнат до шпанскиот брег. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан