Продолжува потрагата по изчезнатиот нуркач во Охридското Езеро
- Трет ден продолжува потрагата по лицето од Бугарија кое исчезна при нуркање во водите на Охридското Езеро. Екипи на езерската полиција, на Црвениот крст и нуркачи од Охрид пребаруваат поширок терен од акваторијата на езерото кај селото Трпејца.
Охрид, 11 август 2025 (МИА) – Трет ден продолжува потрагата по лицето од Бугарија кое исчезна при нуркање во водите на Охридското Езеро. Екипи на езерската полиција, на Црвениот крст и нуркачи од Охрид пребаруваат поширок терен од акваторијата на езерото кај селото Трпејца.
Надлежните служби засега не даваат информации за случајот, бидејќи се уште трае истрагата по нуркачот, а предметот се третира како случај на исчезнато лице.
Настанот се случи во саботата (9 август) кога во 13:15 часот до полицијата било пријавено дека лицето И.Т. (52) од Бугарија исчезнало при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро на потегот пред селото Трпејца.
Според непотврдени информации, исчезнатиот влегол во езерото заедно со друго лице, при што вршеле техничко нуркање. Наводно, на себе имал тешка опрема за нуркање и појас со тегови што дополнително ја усложнило ситуацијата. аб/дма/
Фото: МИА архива