• петок, 30 август 2024

Продолжува падот на Јунајтед на табелата во Премиер лигата

Продолжува падот на Јунајтед на табелата во Премиер лигата
Манчестер, 1 февруари 2020 (МИА) – Трофејниот англиски фудбалски великан Манчестер јунајтед им приреди уште едно разочарување на своите навивачи. Тимот од „Олд Трафорд“ вечерва одигра само 0:0 против Вулверхемптон во последниот саботен дуел од 25. премиерлигашко коло. Со биланс девет победи, осум нерешени исходи и осум порази, Манчестер јунајтед во моментов е на шестата позиција на табелата со 35 бода исто колку што има и Вулверхемптон. Падот на табелата на Јунајтед може да продолжи и утре, доколку Тотенхем кој има 34 бода забележи победа во дербито со Манчестер сити. Пред Манчестер јунајтед на табелата се: Ливерпул 73 бода, Манчестер сити 51, Лестер 49, Челзи 41 и Шефилд јунајтед 36. зс/

Остани поврзан