• петок, 27 декември 2024

Продолжува асфалтирањето на кружниот тек меѓу булеварите кај „Митев мост“

Продолжува асфалтирањето на кружниот тек меѓу булеварите кај „Митев мост“
Куманово, 22 јуни 2022 (МИА) - Продолжува асфалтирањето на кружниот тек меѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово кај локалитетот „Митев мост“, информираа денеска надлежните од општината.
-Продолжува асфалтирање на дел од инфраструктурата на кружниот тек на крстосницата на булевар „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Од општинскиот буџет за изградбата на овој кружен тек се одвоени 35 милиони 868.459, 85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“. Тендерот заврши во август, лани. Деновиве почна и асфалтирањето на третиот кружен тек кој пак се гради на крстосницата кај Серава, меѓу булеварот „Трета Муб“, улиците „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“. За оваа инвестиција Куманово одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, а го гради кумановската компанија „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Граѓаните реагираат дека поради речиси истовремената изградба на двата кружни тека, во градот се создава метеж. Претходно, општина Куманово го изгради кружниот тек на влезот од Куманово за кој одвои 20 милиони денари. Општината најави и кружен тек во близина на автобуската станица.ам/бт/

Остани поврзан