• среда, 25 декември 2024

Средби на лидерите на Европскиот сојуз за промена со конгресмени во Вашингтон

Средби на лидерите на Европскиот сојуз за промена со конгресмени во Вашингтон

Скопје, 19 јануари 2024

Лидерите на ЕСМ и денеска продолжија со интензивни средби во американскиот Конгрес. Во текот на денот беа остварени средби со конгресмените Richi Torres  и Robert B. Anderholt, двајцата копретседатели на парламентарната група за албански прашања на Претставничкиот дом на САД.

Фокусот на средби во САД со високи претставници на американскиот Конгрес продолжува да биде силната поддршка што американската држава треба да и ја даде на Северна Македонија за остварување на заедничките стратешки цели, како што е полноправното членство во евроатлантските структури. Ова значи и искоренување на последниот руски влијанија во нашата земја, како што се обидите да се обноват актерите на про-Кремљската династија преку злоупотреба на правниот систем и уништување на демократијата.

Нашиот регион, сега повеќе од кога било, е изложен на ризик од ескалација на ситуацијата. Секој канал на влијание треба да биде отсечен од злонамерна пропаганда, особено во овие важни моменти за конечно решавање на односите на Косово со Србија.

Во Северна Македонија, земја членка на НАТО, не треба да има место за политичари кои гледаат во минатото, додека поддршката е само за оние кои се вистински посветени на иднината на земјата и што поскоро интегрирање во европското семејство.

Европски сојуз за промена

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ЕСП

Остани поврзан