• сабота, 23 ноември 2024

Продолжуваат програмите за вработување и се воведува нова со Оперативниот план за 2021

Продолжуваат програмите за вработување и се воведува нова со Оперативниот план за 2021
Скопје, 4 јануари 2020 (МИА) - Претставници од Министерството за  труд и социјална политика предводени од министерката Јагода Шахпаска и на Агенцијата за вработување на РСМ предводени од директорот Абдуш Демири денеска имаа работен состанок во врска со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Во овој план, како што посочуваат од МТСП, и годинава фокусот се задржува на помошта и поддршката на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и компаниите на кои им е најпотребна работна сила. -Оперативниот план за 2021 година, предвидува продолжување на програмите, со тоа што во дел од нив се направени измени кои се резултат на искуството од имплементацијата (обука кај познат работодавач, обуки за развој на дигитални вештини),  а се воведува и нова програма -  поддршка на невработените лица за грижа во заедницата. Исто така, во план е имплементирање и на програми за самовработување и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во услови на КОВИД 19, велат од МТСП. Министерството, најавуваат оттаму, продолжува со политиките и мерките за вработување во кои се вклучени повеќе органи и институции, а со цел полесно справување со предизвиците од невработеноста. Очекувањата и оваа година се  висока реализација на програмите и мерките како и претходната, каде во најголем дел имаше стопроцентна реализација. сст/лв/    

Остани поврзан