Продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Пакистан и Авганистан
- Пакистан денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнал засолништа на бунтовниците во авганистанскиот регион Кандахар, а Авганистан изврши одмазднички напад пакистански воен камп во Јужен Вазиристан
Исламабад, 15 март 2026 (МИА) – Пакистан денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнал засолништа на бунтовниците во авганистанскиот регион Кандахар, а Авганистан изврши одмазднички напад пакистански воен камп во Јужен Вазиристан.
Пакистанскиот министер за информирање Аталах Тарар на Икс објави дека армијата нападнала магацин за опрема и „инфраструктура за техничка поддршка“ во Кандахар.
Додека портпаролот на авганистанската влада, Забиулах Маџахид соопшти дека при пакистанскиот напад погодени се објект што дење го користат припадниците на обезбедувањето, а ноќе е празен и центар за рехабилитација од дрога, што е оштетен.
- Пакистан продолжува со инвазијата и со разгорување на огнот на војната, наведе Маџахид.
Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека со нападот врз Јужен Варизистан причинета е голема штета на пакистанската армија, а пакистанското Министерство за информирање демантираше дека е погодена „воена инсталација или инфраструктура“.
Пакистан и Авганистан меѓусебно напаѓаат воени објекти од крајот на февруари. Двете страни тврдат дека предизвикале големи загуби кај другата страна. ми/
фото: ЕПА