Продолжија натпреварите во пингпонгарската Суперлига
- Со натпреварите од 10.коло викендот продолжи сезоната во македонската пингпонгарска Суперлига.

Скопје, 3 март 2025 (МИА) – Со натпреварите од 10. коло викендот продолжи сезоната во македонската пингпонгарска Суперлига.
Првото коло од пролетната полусезона донесе неколку возбудливи натпревари и тесни резултати:
Телеком Нец 2 - Астраион 4 : 3
Младост - Шампион ФА 1 : 4
Вардар - Крива Паланка 1 : 4
Радовиш - Младост 96 0 : 4
Берово - Пелагонија 0 : 4
На табелата води Младост 96 со максимални 20 бодови, пред Крива паланка и Телеком Нец 2 со по 18 бода.
Следните две кола ќе се одиграат на 9 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје. зс/
Фото: МТТА