• сабота, 23 ноември 2024

Продолжен специјалниот статус за украинските бегалци во Швајцарија

Продолжен специјалниот статус за украинските бегалци во Швајцарија
Берн, 9 ноември 2022 (МИА) - Швајцарија ќе ја продолжи важноста на специјалниот заштитен статус за бегалците од Украина за една година, односно до март 2024 година, соопшти денеска швајцарската влада.
Владата во Берн изјави дека се уште не е безбедно враќањето на бегалците во Украина.
Швајцарија ги отвори границите за украинските бегалци во март годинава, веднаш по почетокот на руската инвазија.
Оттогаш, повеќе од 67.000 Украинци добија статус на бегалци во Швајцарија, а од 31 октомври 6.394 се вратија дома, соопшти владата во Берн. паг/

Остани поврзан