• среда, 25 декември 2024

Продолжен притворот на Јордан Камчев

Продолжен притворот на Јордан Камчев
Скопје, 11 јуни 2021 (МИА) - Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за лицето Јордан Камчев поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП. - Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради  постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје. Од Судот, информираат дека се работи за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, по кој е поднесено обвинение и е во фаза на оценка на обвинителен акт. аа/дма/

Остани поврзан