• вторник, 24 декември 2024

Продолжен договорот клучен за палестинската економија, Израел на удар на критики од САД

Продолжен договорот клучен за палестинската економија, Израел на удар на критики од САД

Тел Авив, 1 ноември 2024 (МИА) - Израелското Министерство за финансии, под водство на екстремно десничарскиот политичар Бецалел Смотрич, го продолжи договорот кој овозможува соработка меѓу палестинските и израелските банки за уште еден месец.

Договорот требаше да заврши на 31 октомври, но сега е продолжен до крајот на ноември, што е многу пократок период од претходните продолжувања.
Критики веднаш пристигнаа од САД, со забелешка дека периодот требало да биде една година.

„Многу краткиот рок создава нова криза која ќе се приближи до 30 ноември, влошувајќи ја несигурноста за меѓународните банки, израелските компании кои работат на Западниот брег, а најважно, за обичните Палестинци“, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерката за финансии Џенет Јелен.

Овој договор им овозможува на израелските банки да вршат трансакции во шекели за услуги и плати поврзани со Палестинската самоуправа, без ризик од обвиненија за перење пари и финансирање екстремизам. Без овој договор, палестинските банки би биле исклучени од израелскиот финансиски систем. ссм/

фото: архива

Остани поврзан