• петок, 26 јули 2024

Продолжение на 88. собраниска седница, на дневен ред законите за справување со енергетската криза

Продолжение на 88. собраниска седница, на дневен ред законите за справување со енергетската криза
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Во Собранието денеска треба да продолжи расправата на 88. седница на која меѓу преостанатите точки на дневен ред се и законите поврзани со мерките за справување со последиците од енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии. На дневен ред на пленарната седница е Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, како и Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Меѓу точките на дневен ред се и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за енергетика, на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка. Тука се и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, на законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог-законите за изменување на законот за јавните претпријатија, како и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. мс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан