• петок, 05 декември 2025

Проданоски:  Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

Проданоски:  Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

Прилеп, 30 септември 2025 (МИА) - На денешната прес-конференција кај Заполшки мост во Прилеп, канидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Дејан Проданоски најави решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на прилеп и обиколници „Исток“  и „Запад“ како капитални проекти.

-Обиколницата ,,Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил од 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон вештачкото езеро, преку склештен мост се до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето. Обиколницата „Запад“ е огромен капитален проект, долга 4,5 километри со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од Мебел Венеција преку Варош, па се до фабриката за Мермер на улица ,,Леце Котески“ и натаму до ,,Црн Бор“. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост овозможувајќи безбеден брз и европски сообраќај за нашиот град. Со реализација на овие два проекти, ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот, изјави Проданоски.

Според Проданоски со овие капитални проекти ќе се создатат нови можности за економски развој, бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот што значи нови инвестиции и отворање на нови работни места. ем/дма/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан