• среда, 27 ноември 2024

Продадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во Париз

Продадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во Париз


Париз, 12 јули 2024 (МИА) – Олимписките игри (ОИ) во Париз веќе поставија нов рекорд со продадени: 8,6 милиони билети на две недели пред официјалното отворање.
Претходниот рекорд од 8,3 милиони продадени билети го држеше Атланта, која беше домаќин на Игрите во 1996 година.
„Имаме 8,6 милиони продадени билети за Олимпијадата, плус еден милион влезници за Параолимписките игри“, објави шефот на Организацискиот комитет на Игрите во Париз, Тони Естанге.
Организаторите на Олимпијадата во Париз планираат да продадат 10 милиони билети за Игрите, кои ќе траат од 26 јули до 11 август, како и 3,4 милиони влезници за Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан