• вторник, 24 декември 2024

Програма за работа на ЈП Лајка

Програма за работа на ЈП Лајка

Скопје,28 февруари 2024

Ја информираме јавноста дека утре, на седницата на град Скопје е закажана расправа за усвојување на Програмата за работа на ЈП Лајка. Програмата која за 2024 година планира да ја спроведе ЈП Лајка е темелна и сеопфатна, насочена кон сериозни и амбициозни резултати, постои итност истата да биде усвоена за да претпријатието функционира и ги повикуваме сите советници на град Скопје да ја поддржат и да биде изгласана. 


Лајка работи во услови каде резултатите се мерливи, но ефектот зависи од сите нас, граѓаните, а првенствено од креаторите на политиките и законите. Надлежноста на Лајка е таква што само санира последици, без да има ингеренции да влијае на врз коренот на проблемот, законската регулатива која пропишува што да се прави и кој е се надлежен. Се работи чесно и посветено, со средства кои се сведени на третина од минатогодишниот буџет, каде човечкиот фактор, поддржан од граѓаните и активистите дава се од себе бездомни кучиња во Скопје повеќе да нема. 


Но, кучињата не познаваат административни граници, така што во Скопје завршуваат и кучиња од други општини, но најголем прилив е секојдневното исфрлање нови легла, нечии довчерашни миленици, по улиците. По стоти пат укажуваме дека решение, одржливост не може да се има, без да се третира и затвори изворот 1) неодговорното сопствеништво, неконтролирано размножување и напуштање; 2) нерегулирана трговија и подарување животни, 3) институционално непостапување во случај на занемарување и насилството врз животни, 4) општини кои не превземаат ништо, го игнорираат проблемот или превземаат грешни чекори.


Советници на град Скопје, во Советот поддржете ја програмата на ЈП Лајка, зошто е сепфатна, ефикасна, хумана, неопходна за да се гарантира здравствената заштита и безбедноста на граѓаните и животните. Кренете рака утре, за да се изгласа. НО НЕ ЗАПИРАЈТЕ ТУКА. За доброто на градот, државата, граѓаните, животните, во Вашите партии промовирајте ги и поддржете нашите барања за итна промена на Законот за заштита и благосостојба на животните, строго уредување на обврските кои подразбираат одговорно сопствеништво, регулирање на продажната дејност со миленици, забрана за неконтролирано размножување на милениците, па дури и мандаторна стерилизација.


Ова се прашања кои не засегаат сите и ова не е невозможна туку возможна мисија, доколку секој ја спроведува совесно, свесно, ревносно, својата одговорност.

 

 ЈП Лајка

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ЈП Лајка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан