• понеделник, 29 јули 2024

Пријавување за избор на спортист на годината во Македонска Каменица

Пријавување за избор на спортист на годината во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 15 јануари 2020 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е пријавувањето за избор на спортист на годината за 2019 година. Од таа причина Комисијата за спорт формирана од Совет на општина Македонска Каменица ги повикува спортските клубови и спортските училишни работници од градот да номинираат успешни спортисти до наведената комисија.
-Изборот на спортист на годината во сениорска, младинска, детска и категориите ветерани и спортисти поединци, ќе биде извршен според Правилник за избор на спортист на годината, изготвен од Комисија составена од претставници на спортскиот актив во Македонска Каменица. Пријавувањето започна денеска и ќе трае заклучно со 22 јануари 2020 година, информираа од Комисијата за спорт.
Кандидатурите за Спортист на годината до наведениот краен рок, како што додаваат, треба да бидат доставени во просториите на општинскиот Центар за услуги во М.Каменица.
Манифестацијата за избор на спортист на годината е планирана да се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица во периодот од 25 јануари до 01 февруари 2020 година. вс/ир

Остани поврзан