• четврток, 22 мај 2025

Причард најдобар шести играч во НБА лигата

Причард најдобар шести играч во НБА лигата

 

Њујорк, 23 април 2025 (МИА) – Најдобар шести играч во тековната НБА сезона е Пејтон Причард, објави денеска лигата, по гласањето на повеќе од стотина кошаркарски новинари.

Од можни 100, кошаркарот на Бостон доби 82 гласови и го освои првото место, пред Малик Бисли од Детроит и играчите на Кливленд, Тај Џером и ДеАндре Хантер. Петтопласиран во гласањето заврши Наз Рид, кој минатата година беше награден за најдобар шести играч.

Во регуларниот дел од сезоната, Причард од клупата на Бостон собра во просек 28,4 минути по натпревар, реализирајќи 14,3 поени, 3,8 скокови и 3,5 асистенции, а беше и единствениот кошаркар кој постигна повеќе од илјада поени (1079) како играч од клупата.

Причард одигра 80 натпревари, а на 77 од нив дојде од клупата за резерви. Со просек од 40,7 проценти е еден од најдобрите шутери за три поени во лигата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан