• сабота, 23 ноември 2024

Приходите на „Американ ерлајнс“ во вториот квартл намалени за 90 отсто

Приходите на „Американ ерлајнс“ во вториот квартл намалени за 90 отсто
Вашингтон, 12 јуни 2020 (МИА) - Авиокомпанијата „Американ ерлајнс“ денеска соопшти дека приходите во вториот кварт се намалени за 90 проценти, но оти очекува стапката на трошење на готовина до крајот на годината да биде нула, бидејќи се зголемува побарувачката за патувања. „Американ ерлајнс“ соопшти и дека планира во јули да реализира 55 отсто од вообичаениот распоред на летање на домашните линии и речиси 20 проценти од меѓународниот распоред на летање. - Компанијата неодамна регистрира зголемена побарувачка и го надмина врвот на активностите поврзани за рефундирање на парите, се посочва во соопштението од „Американ ерлајнс“. ми/

Остани поврзан