• четврток, 30 јануари 2025

Притвор за жител од Радовишко осомничен за силување 12-годишно девојче

Притвор за жител од Радовишко осомничен за силување 12-годишно девојче

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гевгелија донело Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и му е одреден 30-дневен притвор. 

-Осомничениот жител на Радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа, информира државното Јавно обвинителство. 

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, наведува ЈОРСМ,  јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

-Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, соопшти Обинителството. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан