• понеделник, 23 декември 2024

Пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот

Пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Како што најави, вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. -Количините постојано се надополнуваат, потенцира Филипче, апелирајќи до граѓаните да се  пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Утре, според, најавите треба да пристигнат уште 100.000 вакцини „Синофарм“, што државата ги доби како донација од кинеската Армија. Според министерот за здравство, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан