• сабота, 16 ноември 2024

Принцот Чарлс се сретнал со кралицата два дена пред да се тестира за Ковид-19

Принцот Чарлс се сретнал со кралицата два дена пред да се тестира за Ковид-19
Лондон, 10 февруари 2022 (МИА) – Британскиот принц Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за коронавирусот, изјави неименуван извор од кралското семејство. Како што се наведува кралицата нема симптоми на коронавирусот, јави Би-Би-Си. Принцот Чарлс утрово доби позитивен тест на коронавирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19. Неговата сопруга, војвотката од Корнвол Камила, денеска била негативна на коронавирусот, соопштија од британската кралска резиденција Кларенс Хаус. Принцот Чарлс (73) последен пат имаше Ковид-19 во март 2020 година, а и тогаш имал само благи симптоми. Кларенс Хаус потврди дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати, но не објави детали какви симптоми има овој пат. јт/

Остани поврзан