• среда, 25 декември 2024

Принцот Чарлс и оддаде почит на својата мајка, кралицата Елизабета

Принцот Чарлс и оддаде почит на својата мајка, кралицата Елизабета
Лондон, 6 февруари 2022 (МИА) - Британскиот принц Чарлс денеска и оддаде почит на својата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 70-годишнината од нејзиното стапување на британскиот престол, велејќи дека тоа е можност земјата да се обедини и да ја прослави нејзината работа во служба на нацијата. Принцот Чарлс и се заблагодари на кралицата за нејзината вчерашна изјава дека се надева дека Камила, сопругата на престолонаследникот Чарлс, ќе стане кралица кога тој ќе стане крал. „Свесни сме за честа што ни ја укажа мајка ми со нејзината желба. Мојата драга сопруга ми беше постојана поддршка цело време кога работевме заедно за да му служиме и да го поддржуваме нејзиното височество и луѓето во нашите заедници“, рече принцот Чарлс. Тој порача дека годината во која се одбележува овој единствен јубилеј носи можност сите да се соберат заедно „во чест на службата на кралицата, по чиј пример ќе продолжиме да се водиме и во годините што доаѓаат“. Во ноември 1947 година, кралицата Елизабета Втора се омажила за Филип Маунтбатен, поранешен принц на Грција и Данска, со кого има четири деца: престолонаследникот Чарлс, принцот од Велс, Ана, кралската принцеза, принцот Ендру, војводата од Јорк и принцот Едвард, грофот од Весекс. паг/  

Остани поврзан