• сабота, 23 ноември 2024

Принцот Чарлс го откри рецептот за неговиот омилен појадок

Принцот Чарлс го откри рецептот за неговиот омилен појадок
Лондон, 13 мај 2020 (МИА) - Принцот Чарлс на социјалните мрежи го откри својот омилен појадок - печени јајца со спанаќ и британско сирење. Принцот својот омилен рецепт го сподели по повод интернет-фестивалот посветен на британското сирење и производството што е погодено од корона-кризата. - Една од работите кои несомнено ни причинуваат огромно задоволство е добрата храна. Затоа е доста загрижувачки тоа што, поради пандемијата, во опасност е една од најголемите радости во животот - британското сирење, рече принцот Чарлс. Неговиот омилен утрински оброк содржи: 100 грама спанаќ, еден мал домат, 35 грама меко сирење, едно јајце, 80 грама милерам-павлака, 15 грама рендано тврдо сирење и свеж босилек. Се пече во загреана рерна на 180 степени, од осум до 10 минути.  си/сд/

Остани поврзан