• вторник, 24 декември 2024

Принцот од Монако заразен со коронавирус

Принцот од Монако заразен со коронавирус
Монако, 19 март 2020 (МИА) - Принцот Алберт Втори од Монако е позитивен на новиот коронавирус, соопшти палатата на кнежевството. Само пред 24 часа, принцот Алберт Втори најави дека кнежевството ќе биде ставено во карантин се до следното известување. Алберт Втори, чие целосно име е Алберт Александре Луис Пјер Грималди, е актуелен принц на Монако и лидер на владејачката династија Грималди. Тој управува со кнежевството од 6 април 2005 година и е син на Рејнер Трети и поранешната холивудска актерка Грејс Кели. гт/

Остани поврзан