• сабота, 23 ноември 2024

Принцот Вилијам наводно не планира да го покани Хари на своето крунисување

Принцот Вилијам наводно не планира да го покани Хари на своето крунисување

Лондон, 19 авгyст 2024 (МИА) - Принцот Вилијам наводно нема намера да го покани својот помлад брат Хари на своето крунисување за крал, кога за тоа ќе дојде време, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Имено, Вилијам (42) и Хари (39) веќе некое време не се блиски, а гласините говорат дека речиси две години и не разговараат воопшто. Инаку, изминатава година и на британскиот крал Чарлс Трети и на принцезата од Велс, Кетрин Кејт - Мидлтон им е дијагностициран рак. Хари и Меган Маркл наводно дознале за дијагнозата на Кејт заедно со пошироката јавност.

„Оваа година тој (Вилијам) е сосредоточен на сопругата, децата и татко му. Неговиот брат не е нешто за што се разговара", изјавил извор близок до престолонаследникот.

Инаку, неодамна и Ерик Трамп - синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ги нарече Хари и Меган - „разгалени“ и навести дека тие „може да бидат депортирани“. Тој изрази сомнеж дека Велика Британија ќе ги сака назад.

- Слободно може да се вратат тие двајца. Ќе бидеме среќни да ги испратиме од Америка. Можеш да ги вратиш, но не сум сигурен дека ќе ги сакаат повеќе таму. Можеби и ние не ги сакаме веќе (во САД), изјави Ерик за „ГБ њуз“ (GB News).

Неодамна, и нивниот шеф на кабинет, Џош Кетлер поднесе оставка по само три месеци. Тоа е посебен удар за Хари и Меган бидејќи тој требаше да ги придружува на патувањето во Богота, Колумбија оваа недела. Од 2018 година, нивниот тим го напуштиле најмалку 18 вработени.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан