• вторник, 26 ноември 2024

Принцезата од Велс, Кејт откри дека се лекува од рак (ДПЛ)

Принцезата од Велс, Кејт откри дека се лекува од рак (ДПЛ)

Лондон, 22 март 2024 (МИА) – Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.

Во лична порака, 42-годишната принцеза рече дека планираната абдоминална операција во јануари била успешна и оти првично се сметало дека нејзината состојба не е канцерогена.

Но, тестовите по операцијата покажаа дека е присутен рак, рече таа.

- Ова, се разбира, дојде како огромен шок, а Вилијам и јас правиме сè што можеме за да го процесираме и да се справиме со ова приватно за доброто на нашето младо семејство, додаде принцезата од Велс.

Мајката на Џорџ, Шарлот и Луис рече дека лекарите ја советувале да оди на превентивна хемотерапија и таа моментално е во раните фази на тој третман.

- Ми требаше време да закрепнам од големата операција за да почнам со моето лекување, рече таа.

- Но, што е најважно, ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро … Како што им реков, јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам; во мојот ум, тело и дух, рече Кејт.

Таа го опиша тоа што нејзиниот сопруг принцот Вилијам е покрај неа како „голем извор на утеха и поддршка.

- Како што е љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас – тоа ни значи многу на двајцата, рече принцезата од Велс.

Кејт Мидлтон не е видена на официјални ангажмани од крајот на декември, кога беше сликана на божиќна прошетка со другите членови на кралското семејство во Сандрингем, Норфолк. јт/

Остани поврзан