• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Принцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божик

Принцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божик

Лондон, 17 декември 2024 (МИА) - Кога треба да му се даде подарок на некого што има сè, луѓето од британското кралско семејство за Божик имаат многу дилеми... Но, одговорот, се чини, лежи во смеата и шегите.

Имено, еден таков избор е бела кожена тоалетна школка, којашто принцезата Ана, според наводите, му ја подарила на нејзиниот брат, тогаш - принц Чарлс. Се забележува и дека нивните божиќни подароци секогаш се нискобуџетни.

Дел од традицијата на кралскиот божиќен собир во Сандрингам е и да се разменуваат подароци. Така, наводно, и кралот Чарлс не сака скапи подароци, а тоа го потврдува и неговиот батлер, Пол Бурел.

- Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата.

И Дијана им оставала непристојни работи, за да ги засрами другите... Понекогаш, тоа е и целта - за тоа служат и „смешните подароци“ коишто често се среќаваат низ годините. 

- Вилијам во една прилика, доби календар со голи жени и целиот поцрвене. (Шегата) успеа, раскажува батлерот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан