Примарна цел е ногата на Линдзи Вон да не биде ампутирана
- Скијачката легенда, Американката Линдзи Вон, доживеа тежок пад за време на спуст-трката на Игрите во Милано Кортина, а според зборовите на француските лекари, примарна цел е ногата да ѝ биде спасена
Кортина Д’Ампецо, 13.февруари 2026 (МИА) - Скијачката легенда, Американката Линдзи Вон, доживеа тежок пад за време на спуст-трката на Игрите во Милано Кортина, а според зборовите на француските лекари, примарна цел е ногата да ѝ биде спасена. Вон, која има 41 година, по тешкиот пад, беше пренесена со хеликоптер во болница.
Францускиот доктор и специјалист за повреди на колено, д-р Бертран Сонери-Коте, изјави дека овие повреди се исклучително комплицирани, а во некои случаи може да завршат и со ампутација.
- Ќе минат неколку месеци додека почне нормално да оди. Нејзина прва цел е да ја задржи нога и да може да стои. Во овој момент темата за врвно скијање и враќање на патеките не треба да биде тема. Повредата ќе прави проблеми, а последиците може да бидат и до крајот на животот. Овие повреди најчесто се случуваат при сообраќајни несреќи - изјави Сонери-Коте.
Вон не се откажува и смета дека повредата на лигаментите пред Игрите не е причина за овој пад и за тежината на повредата. мн/
Фото: ЕПА