• недела, 01 февруари 2026

Прилеп ќе ја зголемува наплатата на даноците преку електронскиот систем

Прилеп ќе ја зголемува наплатата на даноците преку електронскиот систем

Прилеп, 27 јануари 2026 (МИА) - Преку електронскиот систем на плаќање, Прилеп ќе го зголемува процентот на наплата на даноците за имот и на данокот за комунална такса и фирмарина. Сегашниот процент на наплата е блиску до другите градови, но не е на посакуваното ниво.

- Во  Прилеп се 26 330 даночни обврзници, физички лица за данок на имот, 342 се правни лица, а околу 3 500 се правни лица кои се даночни обврзници за фирмарина. За 2025 година процентот на наплата на данокот на имот е над 60 насто, а по основ на комунална такса за фирмарина е 45 проценти. Преку електронското плаќање очекуваме да се зголеми наплатата, зашто така наплатата ќе се олесни и на граѓаните кои се во странство за да ги подмират даночните обврски, вели Јованчо Шишковски, раководител на одделението за  даноци при локалната самоуправа во Прилеп.

Според досегашното работење, општината има над 55 милиона денари вкупен приход по основ на даноци. Но, од изминатите години остануваат ненаплатени 60 милиона денари за  данок на имот и околу 50 милиони денари по основ на комунална такса за фирмарина. Дел средства се застарени  за наплата. 

Комплетно, обврските за данок на имот ги имаат завршено над 10 000 даночни обврзници физички лица и над 300 правни лица. 

Од изминатите години, по основ на комунални такси одделението има ненаплатени побарувања околу 50 милиони денари од кои ненаплатливи се 24 милиона денари поради ликвидација или стечај на фирми. По основ на данок на имот има речиси 60 милиони денари ненаплатени побарувања. Од нив речиси 15 милиона денари се застарени, ненаплатливи обврски постари од 10 години поради немање трансакциска исметка или немање средства на сметката на даночниот обврзник, објаснува Шишкоски.

Рокот за плаќае даноци е 15 дена по добивањето на решението. Општината ќе премине на опомена, а крајната мерка е - присилна наплата.ем/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан