• четврток, 26 декември 2024

Прилепско основно училиште доби електромоторен транспортер

Прилепско основно училиште доби електромоторен транспортер

Прилеп, 23 јуни 2022 (МИА) - Прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски Јане“, како награда за реализираниот проект „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран“ доби донација електромоторен транспортер (гасеничар), наменет за лица со физичка попреченост и овозможува движење на инвалидската количка по скалила. Донацијата е од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ чии претставници денеска го посетија училиштето.

Директорот на училиштето, Влатко Кузманоски, информираше дека училиштето го посетува ученик со физичка попреченост и електромоторниот транспортер многу ќе му помогне.

- Ова е голем исчекор во подобрување на инклузивното образование бидејќи со оваа направа секој ученик би имал пристап до сите простории во училиштето, а истовремено би била олеснета работата на наставниците, воедно и на родителите кои ги носат таквите ученици до училиштето, рече Кузманоски.

Прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески, рече дека општина Прилеп со сигурност и во иднина ќе биде дел од ваквите проекти кои придонесуваат во подобрување на образованието од каков каков вид.ем/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан