• сабота, 21 декември 2024

Прилепскиот градоначалник волонтира во Инфективно одделение во Прилеп

Прилепскиот градоначалник волонтира во Инфективно одделение во Прилеп
Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - Прилепскиот градоначалник Илија Јовановски, кој по професија е специјалист ортопед, утрово од 7 часот волонтира во Инфективно одделение во Прилеп. Градоначалникот денеска прегледува 40-тина пациенти организирани во интервали од десет минути. На своите обврски во општината ќе се врати во 11 часот. Јованоски вчера нагласи дека поттикот за неговото волонтирање доаѓа од драматичниот недостиг од медицински персонал, и како што рече, максимално ќе се вложи да помогне. - Понудив, од колегите и од болницата беше прифатено да им помагам на колегите на Инфективното одделение технички, организационо и како лекар во наредниот период. Не се знае до кога ќе биде ангажманот, можеби и во наредните месец-два, зашто периодот е повеќе од драматичен со недостигот од медицински персонал, изјави Јованоски вчера пред инфективното одделение. Инаку, само за една недела во Прилеп има 377 нови случаи на заразени, 106 пациенти се на болничко лекување и 15 пациенти починаа како последица и компликација од корона-вирусот.бт/ем/

Остани поврзан