• среда, 25 декември 2024

Прикажан документарецот „Ohrid and beyond“ по повод 20-годишнината од Рамковниот договор

Прикажан документарецот „Ohrid and beyond“ по повод 20-годишнината од Рамковниот договор
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Во организација на Центарот за истражувања и европски анализи „Европроспера“ и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска беше прикажан документарецот „Ohrid and Beyond” по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Документарецот е снимен во 2002 година од страна на Institute for War & Peace Reporting UK, и е  финансиран од УСАИД и ИОМ. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оцени дека документарецот е одлично здание за сето тоа што се случуваше во 2001 и 2002 година и посочи дека во документарецот сите протагонисти на Охридскиот рамковен договор, ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот. - Ќе имате можност да чуете ставови од Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Џејмс Пердју, Хавиер Солана, Али Ахмети, Арбен Џафери, Имер Имери и сите протагонисти коишто учествувале во преговорите за Охридскиот рамковен договор ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот. Многу ме интересираат вашите впечатови 20 години по снимањето на овој  документарец и околу ставовите кои што ќе бидат искажани во овој  документарец во вашата перспектива од денешна гледна точка, информира Груби. Како што наведе, Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува  здравствените протоколи за утрешниото одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а за ова прашање рече дека го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче. Претходно, Груби денеска присуствуваше на трибината на тема „Албанската кауза-пред и после Хасан Приштина“, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија. Пред тоа, тој положи цвеќе кај споменикот на Хасан Приштина во Скопје (пред ТЦ Мавровка).фф/лв/

Остани поврзан