• среда, 25 декември 2024

Прикажан документарен филм за отпорноста и намалување на ризиците од катастрофални последици од поплави во Полошкиот регион

Прикажан документарен филм за отпорноста и намалување на ризиците од катастрофални последици од поплави во Полошкиот регион

Гостивар, 13 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на 13-ти Октомври Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, попладнево во Гостивар беше прикажан документарен филм како дел од проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион“.

Настанот, во младинскиот ресурсен центар ICAN, беше дополнет со дискусии во кои учествуваа средношколци, претставници на Црвениот Крст, општина Гостивар и граѓани.

Преставници на Програмата за развој на Обединетите Нации, посочија дека во кусометражниот документарен филм се опфатени значајните инфраструктурни интервенции за стабилизација на повеќе активни свлечишта, чистење и уредувања на речни корита, со што значително се намалуваат ризиците од поројните поплави, кои се финасирани од Швајцарската влада и имплементиран во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Во полошкиот регион функционира мрежа на отпорен и заштитен Полог, во која членуваат претставници на 9-те општини во регионот, државните институции задолжени за справување со катастрофите, како Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Станува збор за еден вид меѓуопштински совет за соработка и справување со ризикот, затоа што катастрофите се пренесуваат од една заедница во друга, од една општина во друга, беше кажано на средбата во Гостивар.

Учениците и екоактивистите во дискусиите со тимот на УНДП, говореа и за својата визија за одржливоста на проектот, значењето на човековото однесување кон природата и пошумувањето на Шар Планина како начин за зајакнување на природната заштита од поплавите. згм/цр

Фото:МИА

 

Остани поврзан