• недела, 22 декември 2024

Признанија за поетот Ристо Василевски во Романија

Признанија за поетот Ристо Василевски во Романија

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Поетот, преведувач и академик Ристо Василевски во Романија доби три признанија – диплома за прием во Седмата академија (Academia Tomitana; Academija Universalis Poetarium), диплома за прогласување за амбасадор на културата и уникатно издание на неговата поезија на 25 јазици.

Како што соопшти „Арка прес“, се работи за двотомно издание на  Меѓународната академија „Михај Еминеску“ и издавачката куќа „Реверс“, со наслов  „Planeta Poeziei; 25 / Risto Vasilevski LIVING GARDEN
(I) и LIVING GARDEN (II).

-Има вкупно 964 страници, го уредија академиците Константин Барбу и Јон Деаконеску. За поезијата на
Василевски, есеи и критики пишуваат 33 значајни есеисти и критичари. Поезијата на Василевски ја преведувале 67 преведувачи, главно истакнати поети, наведува „Арка прес“, соопштувајќи за новите признанија на Василевски кој досега добил шеесетина домашни и меѓународни награди. 

Академик Константин Барбу е автор на предговорот на публикацијата, насловен „Ристо Василевски, голем европски поет“, кој го завршува со песната „(О))да за водата“ и заклучува: „Да ја напишеше само оваа песна, поетот Ристо Василевски ќе имаше заслужено место во која било антологија на европската поезија“. хс/цр

Фото: „Арка прес“

Остани поврзан