• понеделник, 23 декември 2024

Признание за писателот Далибор Трајков за најчитан автор за 2024 година од Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река"

Признание за писателот Далибор Трајков за најчитан автор за 2024 година од Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река

Македонска Каменица, 19 ноември 2024 (МИА) - Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена река“ - Македонска Каменица му додели признание на писателот Далибор Трајков за најчитан автор за 2024 година. Во оберазложението за наградата од фестивалот велат дека се работи за квалитетен автор кој учествува на меѓународни конкурси на кои се стекнува со високи признанија и награди, а неговите раскази се дел од неколку меѓународни антологии. 

- Трајков од најмала возраст пишувал поезија, а од 2020 година почнува да пишува раскази и со нив. Расказот "Последната солза" е избран за расказ на годината за 2022 година на конкурс организиран од страна на Фондацијата Такец од Битола. Оттогаш почнува да пишува романи и склучува договор со издавачката куќа "Сакам книги". Досега има издадено 3 романи и тоа: "Закопана вистина", издаден во 2022 година, "Траги од минатото", издаден во 2023 година и "Тајната на монахот" издаден во 2024 година, истакнаа од фестивалот.

Трајков е роден е на 18.11.1981 година во Кавадарци, а по потекло е од Росоман. Завршил средно полициско училиште во Скопје, а образованието го продолжил на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип, каде што се стекнал со звање магистер по Правни науки. Веќе 24 години работи во Министерството за внатрешни работи како инспектор во ОВР Кавадарци.

Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена река“ е во организација на Здружението на граѓани "Надеж - Норе" од Македонска Каменица, со поддршка од Општина Македонска Каменица

Јаков е првиот македонски печатар од Камена Река, денешна Македонска Каменица, роден во XVI век. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ има отпечатено часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје. вс/сст/


Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан