• недела, 22 декември 2024

Пригожин го запре напредувањето на борците од Вагнер кон Москва и нареди враќање во базите

Пригожин го запре напредувањето на борците од Вагнер кон Москва и нареди враќање во базите

Москва, 24 јуни 2023 (МИА) - Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија, соопшти кабинетот на белорускиот претседател.

Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија.

На маса е и договор за гарантирање на безбедноста на војниците на Вагнер, пренесува Скај Њуз.

Александар Лукашенко е близок соработник на Владимир Путин и разговарал со Прогожин во договор со рускиот претседател, се вели во соопштението.

Пригожин објави аудио порака во која потврдува дека неговите борци се враќаат во своите бази за да „избегнат крвопролевање“.

Тој вели дека „дал наредба да се вратат назад поради ризикот од крвопролевање“. ссм/

Остани поврзан