Привршува првата фаза од градењето на новото училиште во тетовско Селце
- Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изврши увид во градежните активности за новиот објект за основното училиште во село Селце. Овој објект почна да се гради во февруари 2024 година со 100 милиони денари од државниот буџет.

Тетово, 8 јули 2025 (МИА) – Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изврши увид во градежните активности за новиот објект за основното училиште во село Селце. Овој објект почна да се гради во февруари 2024 година со 100 милиони денари од државниот буџет.
– Оваа фаза ги вклучува внатрешните простории на зградата и според одредбите во договорот со градежната компанија, ќе биде завршена до крајот на ноември. Во меѓувреме, втората фаза, која вклучува уредување на надворешноста на објектот, ќе биде завршена во текот на следната година. Со тоа, учениците од Селце ќе ја започнат новата учебна година во нова и модерна зграда, која ги исполнува сите потребни услови за учење, истакна Касами.
Општина Тетово ќе го подготви и проектот за изградба на заштитен ѕид околу училишната зграда, за да се обезбеди безбедна средина за децата и да се отстранат сите пречки за функционирање на училиштето.
– Не даваме празни ветувања како што се правеше во минатото, кога проектите беа оставени недовршени и безбедноста на учениците беше загрозена. Дејствуваме конкретно и работиме со посветеност, посочи Касами.
Новата училишна зграда за основното училиште „Рилиндја“ ќе биде со вкупна површина од 2400 квадратни метри, поделена на два ката. ас/ра
Фото: Општина Тетово