• недела, 28 јули 2024

Привршува изградбата на колекторскиот систем за фекална канализација Илинден - Марино

Привршува изградбата на колекторскиот систем за фекална канализација Илинден - Марино
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека продолжува со интензивна изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, во должина од 5000 метри. Општината информира дека градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на градежните активности на левиот крак во населеното место Илинден, кој е во должина од 2470 метри и е во завршна фаза. - Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина, со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден. Изградбата на фекална канализација е наш приоритетен проект, кој и во наредниот период ќе продолжиме интензивно да го реализираме, особено во најниските делови од населените места во Општината, истакна Георгиевски. На колекторскиот систем, кој ги опфаќа фекалните цевки што се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал, предвидено е да се приклучат приближно 2500 домаќинства. хс/са/ 

Остани поврзан