• сабота, 22 февруари 2025

Привршуваат инфраструктурни проекти во кумановските училишта

Привршуваат инфраструктурни проекти во кумановските училишта

Куманово, 20 јануари 2025 (МИА) - Без проблеми почна второто полугодие од учебна за 2024/2025 година во 21 основно и средно училиште на подрачјето на општина Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за образование од општината. Според податоците на секторот, во второ полугодие настава следат 13.454 ученици од кои 9.610 во основно и 3.844 во средно образование.

- Почнато е со редовна настава која ќе трае до 10 јуни за сите ученици освен за матурантите кои согласно календарот од страна на ресорното Министерство за образование наука завршува на 16-ти мај. Нема проблеми со греење, најголем дел од училиштата се затоплуваат на електрична енергија и гас во подрачните со огревно дрво меѓутоа и таму веќе се заменети со пелети, има со мазут, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.

Во однос на градскиот превоз, доколку имаат одредени проблеми, учениците треба да соопштат на училиштата кои пак треба да се обратат до Секторот за комунални дејности.

- Како сектор тука немаме надлежност меѓутоа доколку има каков било проблем посочувам родителите до реагираат на училиштето, воведен е линиски превоз, ако им потреба треба да соопштат до секторот за комунални дејности, изјави Јовановиќ.

Дел од учениците од средните училишта реагираа дека име метеж по автобусите особено кога се менува прва и втора смена.

Вкупно во Куманово има 49 училишни објекти за 21 основни и средни училишта во градот. Завршени се или привршува поставувањето на фасади на „Толи Зордумис“ и на „Христијан Карпош“, а претходно и „11 Октомври“. Преку јавното претпријатие „Куманово план“ подготвени се, аплицирани се, до ресорното министерството за образование и одобрени беа проектите. При крај е реконструкцијата на општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ за подрачното училиште во село Пчиња а паралелно на тоа се работи на целосно реконструкција на општинското основно училиште „Кирил и Методи“ село Романовце подрачно училиште Агино Село.

Ќе се реконструира и фасадата на „Браќа Миладиновци“ преку проект за намалување на аерозагадување.

Од секторот очекуваат и изградба на спортски училишни сали во неколку училишта чијашто изградба е финансирана од Министерството за образование. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан