• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен 55-годишен кумановец, при претрес пронајдени дрога и пушка

Приведен 55-годишен кумановец, при претрес пронајдени дрога и пушка

Скопје, 27 март 2025 (МИА)  - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16:10 часот, го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

 З.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан