• понеделник, 23 декември 2024

Приведен 17-годишник од Скопје за „разбојништво“

Приведен 17-годишник од Скопје за „разбојништво“

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Полицајци од СВР Скопје денеска лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Сколје осомничен за две кривични дела.

Како што соопшти МВР,  малолетникот е осомничен за „тешка кражба на дрзок начин"  за што вчера бил пријавен од Р.М.Џ. од Скопје и за „разбојништво" за што вчера било пријавено од Б.Х..

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во присуство на родител и адвокат, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.

- Од него се одземени предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникот, наведува Министерството за внатрешни работи.

Претходно, Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информираше дека вчера во 18 часот, Р.М.Џ.(46)  пријавила дека околу 15:30 часот едно лице со употреба со физичка сила и одзело чанта во која имало пари, лични документи и други лични предмети. Истиот ден во 19 часот А.Џ.(32) пријавила дека околу 17:10 часот едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало, а во 21 часот  Б.Х.(27) пријавила дека едно лице со употреба на физичка сила се обидело да и ја одземе ташната. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан